Универзитетот Вебстер на кратко

(Macedonian)

Основање
Универзитетот Вебстер е основан во Сент Луис, Мисури, САД во 1925 година. Првиот меѓународен кампус е основан во Женева, Швајцарија во 1978 година. Кампусот во Виена е основан во 1981 година.

Институтивна дејност
Вебстер Универзитетот во Виена е независна, непрофитна институција за високо образование и нуди дипломи за високо образобание и постдипломско образование во општествените и социјалните науки, бизнис, менаџмент, компјутерска информациска технологија и медиска комуникација. Вебстер Универзитетот поседува меѓународни кампуси во Европа (Лондон, Laiden, Виена, Женева) и Азија (Тајланд и Шангај.) Студентите имаат можност да поминат еден или повеќе семестри на било кој од другите меѓународни кампуси.

Акредитација
Вебстер Универзитетот е акредитиран во Австрија од Австрискиот Совет за Образование, а во САД од Високата Научна Комисија на Северно-Централната Агенција на Факултети и Училишта. Од 1996 нашата MBA (Masters in Business Administration)програма е акредитирана оф FIBAA (Фондација за Акредитација на Меѓународна Бизнис Администрација).

Локација
Вебстер Универзитетот во Виена е сместен на брегот од реката Дунав, и истовремено е на 15 минути оддалеченост од центарот на Виена.

Сместување
Вебстер Универзитетот нуди сместување надвор од кампусот во австриски студентски дом. Овој дом, Donaufild, сместува 14 студенти во наместени двокреветни соби.

Студенти
Приближно петстотини студенти од 60 разлицни земји; 350 студенти се запишани на додипломски студии и 150 студенти на постдипломски студии.

Вработени
Приближно 100 професори од 20 различни земји.

Јазик на предавање
Англиски јазик

Додипломски студии (Bachelors)

Bachelor of Arts (BA) диплома со одсек:

  • Уметност (Визуелна Култура)
  • Меѓународни односи
  • Менаџмент ( со можен наглосок: Човечки рисурси, Меѓународен бизнис или Маркетинг)
  • Медиска Комуникација
  • Психологија

Bachelor of Science (BS) диплома со одсек:

  • Бизнис Администрација
  • Компјутерска Наука ( со можен нагласок: Информациски менаџмент)

Постдипломски студии (Masters)

МBА - Master in Business Administration Основен или со можен нагласок:

  • Менаџмент за Човечки рисурси
  • Меѓународен Бизнис
  • Маркетинг
  • Меѓународни Односи

Master of Arts (MA)

  • Менаџмент за Човечки рисурси
  • Меѓународен Бизнис
  • Меѓународни Односи
  • Mаркетинг

Master of Science (MS) за Финансии

Трошоци

  • школарина за додипломски студии(Bachelors програми): приближно 14.700 годишно
  • школарина за постдипломски студии (Masters програми): приближно 9.075 годишно

How to apply?

Услови за запишување:

Додипломски студии (Bachelors програми)

  • Диплома за завршено средно образование
  • Еквивалент на просек 2,5 на 4 степена скала
  • TOEFL резултат од 490 поени на писмен тест-рачен; или 163 поени на компјутерски тест. Апликантите кои ќе добијат бодови меѓу 490 и 550 ( 210 за компјутерски базирано тестирање и 79 за тестирање на интернет) ќе бидат задолжени да завршат Англиски како втор јазик (English as a Second Language)

Постдипломски студии (Masters програми)

  • Диплома за завршен акредитиран факултет (Bachelors Diploma)
  • Еквивалент на просек 2,5 на 4 степена скала
  • TOEFL резултат од 575 поени на писме тест-рачен 230 поени на компјутерски тест

7 причини зошто да го одбереш Вебстер Универзитетот во Виена

  1. Стекнуваш меѓународено признаена диплома која што е акредитирана во САД и Австрија
    Вебстер Универзитетот е акредитиран од NCA (North Central Association). NCA е една од регионалните агенции за акредитација во САД. Дипломата која што ја добивате на Вебстер Универзитетот е широко признаена и прифатена од другите универзитети и работодавци низ целиот свет. Исто така, високото образование со кое ќе се стекнете ги исполнува стандардите за квалитет, поставени од NCA. Во Австрија, Вебстер Универзитетот е исто така акредитиран од Австрискиот Совет за Образование, а од 1996 нашата програма за постдипломски студии(MBA) е акредитирана од FIBAA FIBAA - Фондација за Акредитација на Меѓународна Бизнис Админисрација.
     
  2. Ги истражуваш своите таленти и ги развиваш своите вештини
    Ќе имаш можност да изучуваш разновидни полиња пред да го избереш саканиот одсек и да ја скроиш својата програма на студирање со цел да ги задоволиш своите интереси и потреби. Ќе равиеш вредни вештини, вклуќувајќи ја и можноста за ефикасно комуницирање, анализирање и решавање на комплексни проблеми, а и ќе се прилагодиш на светот кој константно се менува. Ќе стекнеш добро оформено образование кое ќе го поттикнува растежпт на твојот академски, личен, општествен и професионален план.
     
  3. Твоите професори ќе ти дадат академско и професионално знаење
    Факултетот поседува истовремено и академска стручност и професионално искуство во полињата кое се студираат. Ќе ги примениш теориите и концептите што ги изучуваш на предавањата во вистински светски примери. Ќе дипломираш на Вебстер Универзитетот - добро спремен за професионална кариера.
     
  4. Твојот Универзитет е светот
    Ќе станеш член на заедницата од 20.000 студенти на Вебстер Универзитетите од целиот свет, со можност да студираш во САД или на било кој друг меѓународен Вебстер Универзитет во Европа и Азија.
     
  5. Го запознаваш светот на нашиот Универзитет
    Ќе студираш и живееш со 500 студенти од 60 националности кои имаат различни култури, различни социо-економско потекло, разлиќна религија и различни животни искуства.
     
  6. Обврзани сме за твојот успех
    Со 100 професори и 30 вработени посветени на 500 студенти, ти ќе добиеш лично внимание и потребна подршка за да успееш.
     
  7. Студирај во Виена и откриј ја Европа
    Нашиот кампус е одалечен 15 минути од центарот на Виена, а со краток авионски лет стигнуваш до Прага, Венеција, Минхен, Трст и Салзбург.